металургија
Само во еднина.
Значење на металургија:
а) Наука за металите и за процесите на добивање метали од руди. б) Индустрија за производство на метали и на нивни легури.Изведени зборови:
- металургиски, прид. металургискиот Металургиска индустрија. Металургиски комбинат.
Фразеолошки израз / поговорка:
Обоена металургија – индустрија за добивање на сите други метали. Црна металургија – индустрија за добивање железо.
Оригинални податоци:
металургија (само едн.) ж. а) Наука за металите и за процесите на добивање метали од руди. б) Индустрија за производство на метали и на нивни легури. ◊ Обоена металургија – индустрија за добивање на сите други метали. Црна металургија – индустрија за добивање железо. ‖ металургиски, металургискиот прид. Металургиска индустрија. Металургиски комбинат.