метла

Именка, женски род

Значење на метла:

1. Направа од поврзани стебла на некои растенија или од синтетичко потекло со куса или со долга рачка, што служи за метење.

2. Полско растение од кое се прави тој предмет; Solghum vulgare.

Множина: метли.

Изведени зборови:

  • метле, и. ж. мн. метлиња ср., метличе (само едн.) ср., метличка, мн. метлички дем. и хип.

Фразеолошки израз / поговорка:

Метла тварешка – 1. голема метла. 2. човек што расчистува сè и што треба и што не треба.

Оригинални податоци:

метла, мн. метли ж. 1. Направа од поврзани стебла на некои растенија или од синтетичко потекло со куса или со долга рачка, што служи за метење. 2. Полско растение од кое се прави тој предмет; Solghum vulgare. ◊ Метла тварешка – 1. голема метла. 2. човек што расчистува сè и што треба и што не треба. ‖ метле, мн. метлиња ср., метличе (само едн.) ср., метличка, мн. метлички ж. дем. и хип.