мие

Глагол, несвршен

Значење на мие:

Чисти со вода. Домаќинката ги миеше садовите. Секоја вечер децата ги миеја забите.

Коњугација: ми , мив , миев , миеја , миејќи , миел , миен , миј , мија , мијат , мијте , мил.

Изведени зборови:

  • миење, глаг. им. ср.
  • се ~ мие, Секое утро се миеше на бунарот.

Фразеолошки израз / поговорка:

Мие раце – не прифаќа одговорност, се оградува.

Оригинални податоци:

мие, мијат; миј, мијте; миев, миеја; миел; миен; миејќи; мин. св. мив, ми, мија; мил несв. Чисти со вода. Домаќинката ги миеше садовите. Секоја вечер децата ги миеја забите. ● се ~ Секое утро се миеше на бунарот. ◊ Мие раце – не прифаќа одговорност, се оградува. ‖ глаг. им. миење ср.