минијатура
Значење на минијатура:
1. Тоа што е мало, намалено во однос на обичното во својот вид; модел на нешто во намален вид. Детето толку личеше на таткото што беше како негова минијатура.
2. Сликичка или украсени букви во стари ракописи.
3. Слика од мал формат изработена на хартија, платно и сл.
4. Литературно, музичко или драмско дело мало по обем.
5. Во шахот – кратка партија добиена во неколку потези.
Множина: минијатури.
Фразеолошки израз / поговорка:
Во минијатура – многу намалено.
Оригинални податоци:
минијатура, мн. минијатури ж. 1. Тоа што е мало, намалено во однос на обичното во својот вид; модел на нешто во намален вид. Детето толку личеше на таткото што беше како негова минијатура. 2. Сликичка или украсени букви во стари ракописи. 3. Слика од мал формат изработена на хартија, платно и сл. 4. Литературно, музичко или драмско дело мало по обем. 5. Во шахот – кратка партија добиена во неколку потези. ◊ Во минијатура – многу намалено.