мир 1

Именка, машки род

Само во еднина.

Значење на мир:

1. Состојба без возбудување, спокој, спокојство. Душевен мир. Мир и тишина.

2. Слога, разбирање. Живеат во мир.

3. Состојба без војна. Чување на мирот и безбедноста на државата.

4. Како изв. тишина, без врева. Ученици, мир!

Фразеолошки израз / поговорка:

Испушија луле на мирот – склучија мир. На (во) мир – мирно, спокојно. Не дава мир некому – постојано вознемирува некого. Нека почива во мир – последен поздрав за починатиот. Нема мир – не може да се смири додека не направи нешто. Пушти (остави) некого на мир – престане некого да вознемирува. Склучи мир – постигне договор за престанок на војна.

Оригинални податоци:

мир1 (само едн.) м. 1. Состојба без возбудување, спокој, спокојство. Душевен мир. Мир и тишина. 2. Слога, разбирање. Живеат во мир. 3. Состојба без војна. Чување на мирот и безбедноста на државата. 4. Како изв. тишина, без врева. Ученици, мир! ◊ Испушија луле на мирот – склучија мир. На (во) мир – мирно, спокојно. Не дава мир некому – постојано вознемирува некого. Нека почива во мир – последен поздрав за починатиот. Нема мир – не може да се смири додека не направи нешто. Пушти (остави) некого на мир – престане некого да вознемирува. Склучи мир – постигне договор за престанок на војна.