мириса

Глагол, несвршен

Значење на мириса:

1. Испушта мирис. Цвеќињата мирисаат.

2. Вдишува мирис. Го мирисаше цвеќето.

3. безл. Се чувствува мирис на нешто. Во собата мирисаше на босилек.

Коњугација: мирисаат.

Изведени зборови:

  • мирисање, глаг. им. ср. мирисање ◊ Не е цвеќе за мирисање – човек со лош карактер.

Фразеолошки израз / поговорка:

Не ми мириса на добро – претчувство дека некоја работа нема добро да заврши. Некој мириса на земја – многу е болен, е на умирање. Некој мириса на млеко – уште е многу млад. Не се мирисаат еден со друг – не се поднесуваат. Ни лук јал ни лук мирисал – се вели за тој што се прави или што треба да се направи дека ништо не знае. Мириса на барут – се чувствува воена опасност.

Оригинални податоци:

мириса, мирисаат несв. 1. Испушта мирис. Цвеќињата мирисаат. 2. Вдишува мирис. Го мирисаше цвеќето. 3. безл. Се чувствува мирис на нешто. Во собата мирисаше на босилек. ◊ Не ми мириса на добро – претчувство дека некоја работа нема добро да заврши. Некој мириса на земја – многу е болен, е на умирање. Некој мириса на млеко – уште е многу млад. Не се мирисаат еден со друг – не се поднесуваат. Ни лук јал ни лук мирисал – се вели за тој што се прави или што треба да се направи дека ништо не знае. Мириса на барут – се чувствува воена опасност. ‖ глаг. им. мирисање ср. ◊ Не е цвеќе за мирисање – човек со лош карактер.