мисли
Значење на мисли:
1. Со работа на разумот формира мисли, поими, судови; расудува, заклучува. Логично размислува.
2. Смета, проценува, има мислење. Мислев дека ќе дојдеш.
3. Има намера, цел. Мислиме да се селиме.
4. Се грижи, води сметка. Мисли како да постапи за да не ја навреди.
5. Сака, посакува некому. Мајката секогаш му мисли добро на детето.
Коњугација: мислат.
Изведени зборови:
- мислење, глаг. им. ср.
- се ~ мисли, 1. Размислува, се премислува. Се мислеше што да прави. 2. Се замислува, вообразува. Се мисли дека е којзнае кој.
Фразеолошки израз / поговорка:
Мисли со своја глава– самостоен е. Мисли со туѓа глава – нема свое мислење, став. Мисли му ја! – закана.
Оригинални податоци:
мисли, мислат несв. 1. Со работа на разумот формира мисли, поими, судови; расудува, заклучува. Логично размислува. 2. Смета, проценува, има мислење. Мислев дека ќе дојдеш. 3. Има намера, цел. Мислиме да се селиме. 4. Се грижи, води сметка. Мисли како да постапи за да не ја навреди. 5. Сака, посакува некому. Мајката секогаш му мисли добро на детето. ● се ~ 1. Размислува, се премислува. Се мислеше што да прави. 2. Се замислува, вообразува. Се мисли дека е којзнае кој. ◊ Мисли со своја глава– самостоен е. Мисли со туѓа глава – нема свое мислење, став. Мисли му ја! – закана. ‖ глаг. им. мислење ср.