млад

Придавка

Значење на млад:

1. Што е роден неодамна, што е на помала возраст; стар. Млад човек.

2. За зеленчук – што не е потполно созреан. Млад грашок. Млада боранија. Млад лук.

3. Што не е ферментиран. Младо сирење. Младо вино.

4. Што настанал во скоро време, неодамна. Млада држава.

5. Како им. (обично во мн.) а) Младенци Да се живи младите. б) Младо од животно. Легло на млади мачиња.

Членувана форма: младиот.

Фразеолошки израз / поговорка:

И старо и младо – сите со ред. Млад и зелен – сè уште не е психички зрел. Младо дрво се витка – децата се воспитуваат додека се мали. Младо дрво се пресадува – млад може да се навикне на нова средина, стар многу тешко или никако.

Оригинални податоци:

млад, младиот прид. 1. Што е роден неодамна, што е на помала возраст; спрот. стар. Млад човек. 2. За зеленчук – што не е потполно созреан. Млад грашок. Млада боранија. Млад лук. 3. Што не е ферментиран. Младо сирење. Младо вино. 4. Што настанал во скоро време, неодамна. Млада држава. 5. Како им. (обично во мн.) а) Младенци 1. Да се живи младите. б) Младо од животно. Легло на млади мачиња. ◊ И старо и младо – сите со ред. Млад и зелен – сè уште не е психички зрел. Младо дрво се витка – децата се воспитуваат додека се мали. Младо дрво се пресадува – млад може да се навикне на нова средина, стар многу тешко или никако.