млечен

Придавка

Значење на млечен:

1. Што дава многу млеко. Млечна крава.

2. Што е произведен од млеко. Млечни производи.

3. Што содржи млеко. Млечна кифла.

Членувана форма: млечниот.

Изведени зборови:

  • млечност, и. ж.

Фразеолошки израз / поговорка:

Млечна киселина – безбојна густа течност што се создава при ферментација на некои шеќери или се создава во мускулите при преголем напор. Млечни жлезди – органи во градите на женските цицачи во кои се создава млеко. Млечни заби – првите заби кај децата. Млечен Пат – (астр.) Галаксија во која се наоѓа и Сончевиот систем.

Оригинални податоци:

млечен, млечниот прид. 1. Што дава многу млеко. Млечна крава. 2. Што е произведен од млеко. Млечни производи. 3. Што содржи млеко. Млечна кифла. ◊ Млечна киселина – безбојна густа течност што се создава при ферментација на некои шеќери или се создава во мускулите при преголем напор. Млечни жлезди – органи во градите на женските цицачи во кои се создава млеко. Млечни заби – првите заби кај децата. Млечен Пат – (астр.) Галаксија во која се наоѓа и Сончевиот систем. ‖ млечност ж.