моќен
Значење на моќен:
1. Што се однесува на моќ; што има голема сила, јак. Моќно оружје. Моќен поглед. Моќна држава. Моќна рака. Моќен творечки збор.
2. Што има големо влијание, власт, моќ над луѓето, влијателен, силен. Моќен господар. Богатите и моќните ја сакаат убавината.
Членувана форма: моќниот.
Изведени зборови:
- моќно, прил. Колку моќно тече реката. Трубите моќно трубат. Се чувствува моќно.
- моќност, и. ж. 1. Особина на она што е моќно, сила. Енергетска моќност. 2. Величина што го определува количеството енергија на моторите, што може да се произведе, складира и сл.
Оригинални податоци:
моќен, моќниот прид. 1. Што се однесува на моќ; што има голема сила, јак. Моќно оружје. Моќен поглед. Моќна држава. Моќна рака. Моќен творечки збор. 2. Што има големо влијание, власт, моќ над луѓето, влијателен, силен. Моќен господар. Богатите и моќните ја сакаат убавината. ‖ моќно прил. Колку моќно тече реката. Трубите моќно трубат. Се чувствува моќно. ‖ моќност ж. 1. Особина на она што е моќно, сила. Енергетска моќност. 2. Величина што го определува количеството енергија на моторите, што може да се произведе, складира и сл.