моли 1
Значење на моли:
1. Се обраќа некому со молба, бара од некого да направи нешто. Го молев да ме прими на разговор. Го молев да ми прости.
2. (само во 1.л.) а) При учтиво обраќање. Ве молам, седнете! б) Како одговор на заблагодарување. Благодарам! Молам! в) Како прашање кога нешто не е јасно или не е слушнато добро. Молам?
Коњугација: молат.
Изведени зборови:
- молење, глаг. им. ср.
- се ~ моли, 1. Прави молитва. Се молеше на Господ за здравје. 2. сп. моли 1. Му се молеше за милост. 3. сп. моли 2 а). Ви се молам!
Фразеолошки израз / поговорка:
Моли, коли – едвај нешто се направило, со многу молење. Сила Бога не моли – тој што е моќен прави што сака.
Оригинални податоци:
моли1, молат несв. 1. Се обраќа некому со молба, бара од некого да направи нешто. Го молев да ме прими на разговор. Го молев да ми прости. 2. (само во 1.л.) а) При учтиво обраќање. Ве молам, седнете! б) Како одговор на заблагодарување. Благодарам! Молам! в) Како прашање кога нешто не е јасно или не е слушнато добро. Молам? ● се ~ 1. Прави молитва. Се молеше на Господ за здравје. 2. сп. моли 1. Му се молеше за милост. 3. сп. моли 2 а). Ви се молам! ◊ Моли, коли – едвај нешто се направило, со многу молење. Сила Бога не моли – тој што е моќен прави што сака. ‖ глаг. им. молење ср.