молитва
Значење на молитва:
1. Обраќање со молба до Господ или до некој светец.
2. Посебен текст за такво обраќање. Ги учеше молитвите напамет.
Множина: молитви.
Фразеолошки израз / поговорка:
Лозјето не сака молитва, туку мотика – не треба молење, туку работа.
Оригинални податоци:
молитва, мн. молитви ж. 1. Обраќање со молба до Господ или до некој светец. 2. Посебен текст за такво обраќање. Ги учеше молитвите напамет. ◊ Лозјето не сака молитва, туку мотика – не треба молење, туку работа.