молзе
Значење на молзе:
1. Извлекува, цеди со раце или со апарат млеко од вимето на животни. Навечер ги молзеа кравите, а наутро го продаваа млекото.
2. (прен.) Живее на туѓа сметка, искористува некого. Го молзеше татко му целиот свој живот.
Коњугација: молгле, молгоа , молгов , молгол , молзат , молзеа , молзев , молзејќи , молзел , молзен , молзете , молзи .
Изведени зборови:
- молзење, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
молзе, молзат; молзи, молзете; молзев, молзеа; молзел; молзен; молзејќи; мин. св. молгов, молгоа; молгол; молгле несв. 1. Извлекува, цеди со раце или со апарат млеко од вимето на животни. Навечер ги молзеа кравите, а наутро го продаваа млекото. 2. (прен.) Живее на туѓа сметка, искористува некого. Го молзеше татко му целиот свој живот. ‖ глаг. им. молзење ср.