момче
Значење на момче:
1. Дете од машки пол. Мало момче. Две момчиња си играа во дворот.
2. Лице од машки пол во преодна возраст од детство кон зрелост. Момчето ги отвори очите и го бараше татка си. Момчето полнеше шеснаесет години.
3. Младич, млад маж; ерген. Голобрадо момче. Бевме сиримашни млади момчиња. Стројни момчиња. Срамежливо момче.
4. Свршеник, младоженец. Свадбата продолжува кај момчето.
5. (разг.) Сопруг, маж. Момче се спрема на гурбет да оди, млада невеста пред коња стои. Момчето ѝ е на печалба.
Множина: момчиња.
Изведени зборови:
- момченце, и. ср. мн. момченца дем. и хип. кон зн. 1 и 2.; момчуле, мн. момчулиња дем. и хип.
- момчиште, и. ср. аугм. и пејор.
Оригинални податоци:
момче, мн. момчиња ср. 1. Дете од машки пол. Мало момче. Две момчиња си играа во дворот. 2. Лице од машки пол во преодна возраст од детство кон зрелост. Момчето ги отвори очите и го бараше татка си. Момчето полнеше шеснаесет години. 3. Младич, млад маж; ерген. Голобрадо момче. Бевме сиримашни млади момчиња. Стројни момчиња. Срамежливо момче. 4. Свршеник, младоженец. Свадбата продолжува кај момчето. 5. (разг.) Сопруг, маж. Момче се спрема на гурбет да оди, млада невеста пред коња стои. Момчето ѝ е на печалба. ‖ момченце, мн. момченца ср. дем. и хип. кон зн. 1 и 2.; момчуле, мн. момчулиња ср. дем. и хип. ‖ момчиште, мн. момчишта ср. аугм. и пејор.