момент

Именка, машки род

Значење на момент:

1. Многу краток временски период, миг. Застана за момент. Секој момент треба да пристигне.

2. а) Временски период. Тоа беа најважните моменти од развитокот на нашиот писмен јазик. б) Изделен дел од некој настан или појава. Ги изнесе главните моменти од состанокот. Важни моменти од историјата на нашиот народ.

3. Фактор, факт. Економскиот момент беше пресуден.

Множина: моменти.

Оригинални податоци:

момент, мн. моменти м. 1. Многу краток временски период, миг. Застана за момент. Секој момент треба да пристигне. 2. а) Временски период. Тоа беа најважните моменти од развитокот на нашиот писмен јазик. б) Изделен дел од некој настан или појава. Ги изнесе главните моменти од состанокот. Важни моменти од историјата на нашиот народ. 3. Фактор, факт. Економскиот момент беше пресуден.