монархија
Значење на монархија:
Облик на државно уредување и владеење во кое власта е во рацете на еден човек, монарх (крал, цар, шах, султан и сл.), доживотно, без правна одговорност и (обично) со право на наследност.Множина: монархии.
Фразеолошки израз / поговорка:
Апсолутна монархија – политички систем на развиениот феудализам во кој монархот ги има сите атрибути на севкупна државна власт. Уставна монархија - парламентарна монархија во која владетелот владее според устав.
Оригинални податоци:
монархија, мн. монархии ж. Облик на државно уредување и владеење во кое власта е во рацете на еден човек, монарх (крал, цар, шах, султан и сл.), доживотно, без правна одговорност и (обично) со право на наследност. ◊ Апсолутна монархија – политички систем на развиениот феудализам во кој монархот ги има сите атрибути на севкупна државна власт. Уставна монархија - парламентарна монархија во која владетелот владее според устав.