монопол
Значење на монопол:
1. Исклучиво право на нешто (производство на одредена стока или тргување со неа, одржување на некои служби и сл.). Државен монопол. Капиталистички монополи.
2. Претпријатие што раководи со производство и откуп на тутун. Го носеа тутунот на монопол. Во дворот на монополот. Испразнети се касите на монополот.
3. Вид игра во која се имитираат односите во општеството.
Множина: монополи.
Оригинални податоци:
монопол, мн. монополи м. 1. Исклучиво право на нешто (производство на одредена стока или тргување со неа, одржување на некои служби и сл.). Државен монопол. Капиталистички монополи. 2. Претпријатие што раководи со производство и откуп на тутун. Го носеа тутунот на монопол. Во дворот на монополот. Испразнети се касите на монополот. 3. Вид игра во која се имитираат односите во општеството.