мора

Глагол, несвршен

Значење на мора:

1. Прави нешто против своја волја, има должност, обврска да прави нешто. Морав да бидам послушен. Мораш да го изедеш месото. Ќе морам да ве казнам. Мораше да го напушти градот. Морате да послушате. Тебе морам да ти кажам. Морам да признаам. Морам да одам. Морате да верувате.

2. (безл.) Треба, потребно е. Утре мора да се стане рано. Тоа мора да стане правило во работењето. Уморот мора да се надвладее. Тоа мора да се разбере.

3. а) За истакнување на веројатност на тоа што се кажува со да-конструкцијата. Мора да размислила за постапката, зашто дојде и ми се извини. Мора да заспала штом не ми отвори. Мора да ги видел некој. Мора да е наш штом иде сам низ шумата. б) За истакнување спротивен став. Тој мора сè да знае. Мора секаде да си го пика носот. Мора да се замеша во секоја работа.

Коњугација: мораат.

Изведени зборови:

  • морање, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

мора, мораат несв. 1. Прави нешто против своја волја, има должност, обврска да прави нешто. Морав да бидам послушен. Мораш да го изедеш месото. Ќе морам да ве казнам. Мораше да го напушти градот. Морате да послушате. Тебе морам да ти кажам. Морам да признаам. Морам да одам. Морате да верувате. 2. (безл.) Треба, потребно е. Утре мора да се стане рано. Тоа мора да стане правило во работењето. Уморот мора да се надвладее. Тоа мора да се разбере. 3. а) За истакнување на веројатност на тоа што се кажува со да-конструкцијата. Мора да размислила за постапката, зашто дојде и ми се извини. Мора да заспала штом не ми отвори. Мора да ги видел некој. Мора да е наш штом иде сам низ шумата. б) За истакнување спротивен став. Тој мора сè да знае. Мора секаде да си го пика носот. Мора да се замеша во секоја работа. ‖ глаг. им. морање ср.