морски

Придавка

Значење на морски:

1. Што се однесува на море. Морска вода. Морско летувалиште. Морски воздух. Морска сол. Морска милја. Морска теснина. Морски струи.

2. Што му припаѓа на морето. Морски брег. Морска вода. Морски бранови. Морско дно. Морска површина. Морска струја.

3. Што се наоѓа крај море. Морско летувалиште. Морско пристаниште.

4. Што му е својствено на морето. Морски воздух. Морски ветар.

5. Што живее во морето; составен дел од имињата на многу животни и растенија – обично со значење дека се наоѓаат во морето или на морскиот брег. Морски риби.

Членувана форма: морскиот.

Фразеолошки израз / поговорка:

Морска болест – мачнина предизвикана од нишањето на брод предизвикано од морски бранови. Морски плодови – мешана морска храна што се состои најчесто од школки, ракчиња, лигњи и сл. Морска ѕвезда – (зоол.) Морски иглокожни животни најчесто со пет краци со голем број видови; Asteroidea. Морска видра – (зоол.) Најмал морски цицач што живее и се храни во морето; Enhydra lutris. Морско коњче – риба чиј горен дел личи на глава од коњ, плива во вертикална положба, се храни со планктон, со подвижна опашка со која се прицврстува за дното, разни треви и алги; Hippocampus guttulatus. Морско куче – (зоол.) в. ајкула. Морски лав – (зоол.) Морски цицач слично на фока но со јасно изразени ушни школки; Otaria byronia; Zalphus californianus; Eumetopias jubata. Морски слон – Морски цицач со голем нос што потсетува на сурлата на слонот; Mirounga leonina. Морска пена – сп. стиропор.

Оригинални податоци:

морски, морскиот прид. 1. Што се однесува на море. Морска вода. Морско летувалиште. Морски воздух. Морска сол. Морска милја. Морска теснина. Морски струи. 2. Што му припаѓа на морето. Морски брег. Морска вода. Морски бранови. Морско дно. Морска површина. Морска струја. 3. Што се наоѓа крај море. Морско летувалиште. Морско пристаниште. 4. Што му е својствено на морето. Морски воздух. Морски ветар. 5. Што живее во морето; составен дел од имињата на многу животни и растенија – обично со значење дека се наоѓаат во морето или на морскиот брег. Морски риби. ◊ Морска болест – мачнина предизвикана од нишањето на брод предизвикано од морски бранови. Морски плодови – мешана морска храна што се состои најчесто од школки, ракчиња, лигњи и сл. Морска ѕвезда – (зоол.) Морски иглокожни животни најчесто со пет краци со голем број видови; Asteroidea. Морска видра – (зоол.) Најмал морски цицач што живее и се храни во морето; Enhydra lutris. Морско коњче – риба чиј горен дел личи на глава од коњ, плива во вертикална положба, се храни со планктон, со подвижна опашка со која се прицврстува за дното, разни треви и алги; Hippocampus guttulatus. Морско куче – (зоол.) в. ајкула. Морски лав – (зоол.) Морски цицач слично на фока но со јасно изразени ушни школки; Otaria byronia; Zalphus californianus; Eumetopias jubata. Морски слон – Морски цицач со голем нос што потсетува на сурлата на слонот; Mirounga leonina. Морска пена – сп. стиропор.