мост
Значење на мост:
1. Градежен објект што сврзува два брега, разделени од река, дол, пропаст и сл. и служи како премин. Камен мост. Дрвен мост. Подвижен мост. Железнички мост.
2. (прен.) Тоа што поврзува, врска. Тој изгради мост меѓу двете култури.
3. (мед.) Метална врска меѓу два заба, за која се прицврстуваат вештачки заби.
4. (спорт.) Вид гимнастичка вежба.
Множина: мостови.
Изведени зборови:
- мовче, и. ср. мн. мовчиња , мосте, мн. мостиња дем.
Фразеолошки израз / поговорка:
Воздушен мост – воспоставена врска со технички средства преку воздух со населено место, подрачје итн. во кое не може да се стигне по сувоземен или воден пат. Понтонски мост – мост што се состои од носечки елементи што пливаат на вода, обично за привремена употреба. Ги сруши сите мостови зад себе – не остави место за повлекување, за враќање на старата состојба.
Оригинални податоци:
мост, мн. мостови м. 1. Градежен објект што сврзува два брега, разделени од река, дол, пропаст и сл. и служи како премин. Камен мост. Дрвен мост. Подвижен мост. Железнички мост. 2. (прен.) Тоа што поврзува, врска. Тој изгради мост меѓу двете култури. 3. (мед.) Метална врска меѓу два заба, за која се прицврстуваат вештачки заби. 4. (спорт.) Вид гимнастичка вежба. ◊ Воздушен мост – воспоставена врска со технички средства преку воздух со населено место, подрачје итн. во кое не може да се стигне по сувоземен или воден пат. Понтонски мост – мост што се состои од носечки елементи што пливаат на вода, обично за привремена употреба. Ги сруши сите мостови зад себе – не остави место за повлекување, за враќање на старата состојба. ‖ мовче, мн. мовчиња ср., мосте, мн. мостиња ср. дем.