мотика
Значење на мотика:
Железно орудие со долга рачка за копање земја, прекопување посеви и др. Ја нарами мотиката. Ги грлевме пченките со мотиките. Со мотиката ги правеше леите.Множина: мотики.
Изведени зборови:
- мотиче, и. ср. дем.
Фразеолошки израз / поговорка:
Лозјето не сака молитва, туку мотика - треба да се вложи труд за да се добие плод.
Оригинални податоци:
мотика, мн. мотики ж. Железно орудие со долга рачка за копање земја, прекопување посеви и др. Ја нарами мотиката. Ги грлевме пченките со мотиките. Со мотиката ги правеше леите. ◊ Лозјето не сака молитва, туку мотика - треба да се вложи труд за да се добие плод. ‖ мотиче, мн. мотичиња ср. дем.