можен
Значење на можен:
1. Што може да постои, што може да се замисли; што може да се најде. Ги прочита сите можни книги од таа област.
2. Што може да се случи. Предвидуваат можен земјотрес.
3. Што може да се оствари. Успехот е можен ако се заврши работата во предвидениот рок.
Членувана форма: можниот.
Изведени зборови:
- можно, прил. Можно ли е?
Оригинални податоци:
можен, можниот прид. 1. Што може да постои, што може да се замисли; што може да се најде. Ги прочита сите можни книги од таа област. 2. Што може да се случи. Предвидуваат можен земјотрес. 3. Што може да се оствари. Успехот е можен ако се заврши работата во предвидениот рок. ‖ можно прил. Можно ли е?