можност
Значење на можност:
1. Можно решение, излез од некоја ситуација. Постои можност да се спаси пролетниот род.
2. Веројатност. Постои можност некој да ја преживеал несреќата.
3. Сила, моќ, материјално богатство. Имаше можности да ги испрати децата на студии во странство.
Множина: можности.
Фразеолошки израз / поговорка:
Според можностите – според тоа колку има или колку може.
Оригинални податоци:
можност, мн. можности ж. 1. Можно решение, излез од некоја ситуација. Постои можност да се спаси пролетниот род. 2. Веројатност. Постои можност некој да ја преживеал несреќата. 3. Сила, моќ, материјално богатство. Имаше можности да ги испрати децата на студии во странство. ◊ Според можностите – според тоа колку има или колку може.