мрачен
Значење на мрачен:
1. Исполнет со мрак, темен. Мрачен тунел. Мрачна визба. Мрачна ноќ. Мрачно море. Мрачна шума. Мрачна пештера.
2. (прен.) Лошо расположен, намуртен, потиштен, западнат во грижа, во тешки и мачителни мисли. Татко му беше висок и мрачен човек. Ја чувствува самоста и станува мрачна.
3. (прен.) Мачен, тежок. Мрачен поглед. Мрачни мисли. Мрачна година. Мрачни спомени. Мрачно расположение. Мрачно чувство.
4. (прен.) Несфатлив, затворен, сомнителен, злобен. Мрачен човек. Мрачен нагон. Мрачни сили.
5. (прен.) Тежок, нејасен, неразбирлив. Неговите слики се премногу мрачни. Не поднесуваше мрачни сцени. Мрачна силуета. Мрачна душа. Мрачна работа.
6. (прен.) Тежок, неподнеслив, безрадосен. Мрачни времиња. Настапија најмрачните денови. Ја опишува грубата и мрачна реалност во туѓина. Иднината му стана мрачна.
Членувана форма: мрачниот.
Оригинални податоци:
мрачен, мрачниот прид. 1. Исполнет со мрак, темен. Мрачен тунел. Мрачна визба. Мрачна ноќ. Мрачно море. Мрачна шума. Мрачна пештера. 2. (прен.) Лошо расположен, намуртен, потиштен, западнат во грижа, во тешки и мачителни мисли. Татко му беше висок и мрачен човек. Ја чувствува самоста и станува мрачна. 3. (прен.) Мачен, тежок. Мрачен поглед. Мрачни мисли. Мрачна година. Мрачни спомени. Мрачно расположение. Мрачно чувство. 4. (прен.) Несфатлив, затворен, сомнителен, злобен. Мрачен човек. Мрачен нагон. Мрачни сили. 5. (прен.) Тежок, нејасен, неразбирлив. Неговите слики се премногу мрачни. Не поднесуваше мрачни сцени. Мрачна силуета. Мрачна душа. Мрачна работа. 6. (прен.) Тежок, неподнеслив, безрадосен. Мрачни времиња. Настапија најмрачните денови. Ја опишува грубата и мрачна реалност во туѓина. Иднината му стана мрачна.