мрак
Само во еднина.
Значење на мрак:
1. а) Отсуство на светлина; темница. Ноќен мрак. Паѓа мрак. По некое време се навикнав на мракот. Светкавицата го расцепи мракот. Очите му блеснаа во мракот. б) Времето на смалена видливост откако ќе зајде сонцето, на преминот од ден во ноќ. Треба да се врати пред мракот. Беше мракот кога го виде селото. Околу мракот си дојдоа жените од нива. Наближи мрак.
2. (прен.) Непросветеност, незнаење, заостанатост поради тежок и ропски живот. Оковите на мракот им натежнале. Светот го покрива суров мрак. Се отима од мракот на анонимноста. Беше ослободен од густиот мрак на незнаењето.
Фразеолошки израз / поговорка:
Му паѓа мрак на очи – во афект губи контрола врз себе. Од утро до мрак - цел ден, постојано.
Оригинални податоци:
мрак (само едн.) м. 1. а) Отсуство на светлина; темница. Ноќен мрак. Паѓа мрак. По некое време се навикнав на мракот. Светкавицата го расцепи мракот. Очите му блеснаа во мракот. б) Времето на смалена видливост откако ќе зајде сонцето, на преминот од ден во ноќ. Треба да се врати пред мракот. Беше мракот кога го виде селото. Околу мракот си дојдоа жените од нива. Наближи мрак. 2. (прен.) Непросветеност, незнаење, заостанатост поради тежок и ропски живот. Оковите на мракот им натежнале. Светот го покрива суров мрак. Се отима од мракот на анонимноста. Беше ослободен од густиот мрак на незнаењето. ◊ Му паѓа мрак на очи – во афект губи контрола врз себе. Од утро до мрак - цел ден, постојано.