мрава
Зоологија.
Значење на мрава:
Ситен инсект од родот опнокрилци, кој живее во големи заедници; Formica. Жолти мрави. Мравите се качуваа по чардаците. Мравата го надви мастодонтот. Го оставија на мравите да го јадат.Множина: мрави.
Изведени зборови:
- мравичка, и. ж. дем и хип.
Фразеолошки израз / поговорка:
Мрави ме лазат – трпки ми идат. Ни на мрава не гази – на никого ништо не згрешил, никаква неправда не направил, многу кроток човек.
Оригинални податоци:
мрава, мн. мрави ж. (зоол.) Ситен инсект од родот опнокрилци, кој живее во големи заедници; Formica. Жолти мрави. Мравите се качуваа по чардаците. Мравата го надви мастодонтот. Го оставија на мравите да го јадат. ◊ Мрави ме лазат – трпки ми идат. Ни на мрава не гази – на никого ништо не згрешил, никаква неправда не направил, многу кроток човек. ‖ мравичка, мн. мравички ж. дем и хип.