мравјалник

Именка, машки род

Значење на мравјалник:

1. Живеалиште, гнездо на мрави. Го набљудуваше мравјалникот во дворот.

2. Сите мрави што живеат во тоа живеалиште. Мравјалниците лазеа низ зелените стеблики на житата.

3. (прен.) а) Место преполно со луѓе. Соборната црква беше мравјалник. Корзото личеше на распретан мравјалник. б) Мноштво луѓе или други живи суштества, собрани на едно место. Чекаше да стивне вревата на мравјалникот.Се смеша и тој во мравјалникот.

Множина: мравјалници.

Оригинални податоци:

мравјалник, мн. мравјалници м. 1. Живеалиште, гнездо на мрави. Го набљудуваше мравјалникот во дворот. 2. Сите мрави што живеат во тоа живеалиште. Мравјалниците лазеа низ зелените стеблики на житата. 3. (прен.) а) Место преполно со луѓе. Соборната црква беше мравјалник. Корзото личеше на распретан мравјалник. б) Мноштво луѓе или други живи суштества, собрани на едно место. Чекаше да стивне вревата на мравјалникот.Се смеша и тој во мравјалникот.