мраз

Именка, машки род

Значење на мраз:

1. Вода во цврста агрегатна состојба, замрзната вода; лед. Санта мраз. Лимонада со мраз. Во чашата стави три парчиња мраз.

2. Студено време со температура под нула степени, студ. Сув мраз. Мразовите го стегнаа снегот. Со првите мразови, војската слезе во селото. Мразот пробиваше до коски.

Множина: мразеви.

Алтернативно: мразови

Фразеолошки израз / поговорка:

Мраз ми е душата – душата ми е стегната. Како ѓавол на мраз – многу непријатно, неудобно се чувствува.

Оригинални податоци:

мраз, мн. мразеви и мразови м. 1. Вода во цврста агрегатна состојба, замрзната вода; лед. Санта мраз. Лимонада со мраз. Во чашата стави три парчиња мраз. 2. Студено време со температура под нула степени, студ. Сув мраз. Мразовите го стегнаа снегот. Со првите мразови, војската слезе во селото. Мразот пробиваше до коски. ◊ Мраз ми е душата – душата ми е стегната. Како ѓавол на мраз – многу непријатно, неудобно се чувствува.