мразулец
Значење на мразулец:
1. Парче мраз, обично долго и тенко, што се фаќа на предметите од кои капе вода. На стреите висеа мразулци. Мустаќите му фатиле мразулци. На дрвјата се фаќаа мразулци. Мразулците се кршеа.
2. (прен.разг.) Мрсул што виси од носот. Под носето му се фаќаат мразулци.
Множина: мразулци.
Изведени зборови:
- мразулче, и. ср. дем.
Оригинални податоци:
мразулец, мн. мразулци м. 1. Парче мраз, обично долго и тенко, што се фаќа на предметите од кои капе вода. На стреите висеа мразулци. Мустаќите му фатиле мразулци. На дрвјата се фаќаа мразулци. Мразулците се кршеа. 2. (прен.разг.) Мрсул што виси од носот. Под носето му се фаќаат мразулци. ‖ мразулче, мн. мразулчиња ср. дем.