мрда

Глагол, несвршен

Значење на мрда:

1. Прави кратки движења со нешто. Мрда со рацете. Ги мрда рамената. Усните му мрдаа, но глас не излегуваше од нив. Стариот не мрдаше со ништо. Мрдаше со опавчето.

2. Се поместува; се преместува. Не мрдам одовде. Се притаивме, не мрдаме. Неговата сенка мрдаше меѓу сенките на глоговите. Мрдаат лисјата. Мрда како живо.

3. Преместува, поместува нешто. Мрдај го кралот. Не мрдај го столот.

4. (прен.) Ја избегнува вистината, заобиколува; избегнува накоја обврска. Кажи како беше, не мрдај. Решението е донесено, не може да мрда.

Коњугација: мрдаат.

Изведени зборови:

  • мрдање, глаг. им. ср.
  • се ~ мрда, Се движи, се преместува. Устата ѝ се мрда, но глас не се слуша.

Фразеолошки израз / поговорка:

Ич око не ми мрда – не се плашам од тоа. Не мрда со прст – не сака ништо да направи.

Оригинални податоци:

мрда, мрдаат несв. 1. Прави кратки движења со нешто. Мрда со рацете. Ги мрда рамената. Усните му мрдаа, но глас не излегуваше од нив. Стариот не мрдаше со ништо. Мрдаше со опавчето. 2. Се поместува; се преместува. Не мрдам одовде. Се притаивме, не мрдаме. Неговата сенка мрдаше меѓу сенките на глоговите. Мрдаат лисјата. Мрда како живо. 3. Преместува, поместува нешто. Мрдај го кралот. Не мрдај го столот. 4. (прен.) Ја избегнува вистината, заобиколува; избегнува накоја обврска. Кажи како беше, не мрдај. Решението е донесено, не може да мрда. ● се ~ Се движи, се преместува. Устата ѝ се мрда, но глас не се слуша. ◊ Ич око не ми мрда – не се плашам од тоа. Не мрда со прст – не сака ништо да направи. ‖ глаг. им. мрдање ср.