мрдне
Значење на мрдне:
1. Се помести. Не смее да мрдне. Чекаше без да мрдне. Нешто мрдна во грмушката. Мрдна со усните. Не можеше да мрдне.
2. Помести, премести нешто. Мрдни го столот. Ја мрдна стрелката на часовникот.
Коњугација: (ќе) мрднеа , (ќе) мрднев , (ќе) мрднел, мрднаа , мрднав , мрднал , мрднат , мрднат , мрднете , мрдни .
Изведени зборови:
- мрднување, глаг. им. ср.
- се ~ мрдне, 1. Се премести, се помести. Не сакаше да се мрдне од место. Мрдни се малку лево. Мрднете се од место. 2. (прен.) Побудали, се помести од умот. Се мрднал од умот.
- (се) мрднува, глаг. несв. (се) мрднуваат
Оригинални податоци:
мрдне, мрднат; мрдни, мрднете; мрднав, мрднаа; мрднал; мрднат; (ќе) мрднев, (ќе) мрднеа; (ќе) мрднел св. 1. Се помести. Не смее да мрдне. Чекаше без да мрдне. Нешто мрдна во грмушката. Мрдна со усните. Не можеше да мрдне. 2. Помести, премести нешто. Мрдни го столот. Ја мрдна стрелката на часовникот. ● се ~ 1. Се премести, се помести. Не сакаше да се мрдне од место. Мрдни се малку лево. Мрднете се од место. 2. (прен.) Побудали, се помести од умот. Се мрднал од умот. ‖ (се) мрднува, (се) мрднуваат несв. ‖ глаг. им. мрднување ср.