мрее

Глагол, несвршен

Поетски збор.

Значење на мрее:

1. Престанува да живее; умира, гине. Дојде време да се мрее. Да мрееме како што се мрее.

2. Страда, многу се мачи, пати. Му мрее срцето.

3. (прен.) Многу посакува некого или нешто. А како мреам кога те гледам. Мрее од возбуда. Мрее од болка духот.

Коњугација: мреав , мреаја , мреал , мреан, мреат , мреев , мрееја , мреејќи , мреел , мреен , мреење , мреј , мрејте .

Оригинални податоци:

мрее, мреат; мреј, мрејте; мреев, мрееја; мреел; мреен; мреејќи; мреење; мреав, мреаја; мреал, мреан несв. (поет.) 1. Престанува да живее; умира, гине. Дојде време да се мрее. Да мрееме како што се мрее. 2. Страда, многу се мачи, пати. Му мрее срцето. 3. (прен.) Многу посакува некого или нешто. А како мреам кога те гледам. Мрее од возбуда. Мрее од болка духот.