мрежа
Значење на мрежа:
1. Предмет од вкрстени нишки, конец, жица и сл., обично исплетен на еднакви окца. Плете мрежа. а) Направа од цврст конец која служи за ловење (риби, птици, дивеч, пеперутки и др.). Рибарска мрежа. Мрежа против комарци. Ѕверот се фати во мрежата. Мрежите се наполнија со најразлични птици. б) (спорт.) Преграда која ги разделува двете половини од просторот за играње; завеса на голот што ја задржува топката. Топката ја затресе мрежата. в) Замка од нитки на пајажина со чија помош пајакот го лови пленот. Пајакова мрежа. г) Назив за други разни предмети направени на таков начин. Мрежа за спиење. Престана да спие во мрежата. Носеше мрежа со нешто завиткано во неа. Во рацете носи мрежа со леб. Ја пресече телената мрежа и влезе во дворот. Косата ѝ беше собрана во свилена мрежа.
2. (прен.) а) Систем од патишта, железнички линии, канали и др.; систем од испреплетени (нацртани или замислени) линии. Железничка мрежа. Патна мрежа. Водоводна мрежа. Електрична мрежа. Телефонска мрежа. б) Систем од еднородни установи. Трговска мрежа. Училишна мрежа. в) Организација раширена на определена територија и лицата кои ги опфаќа. Создава мрежа на свои соработници. Беше организирана мрежа од комитети.
3. Болест на очите. Очите ми фатија мрежа.
Множина: мрежи.
Изведени зборови:
- мрежичка, и. ж. дем. и хип.
Фразеолошки израз / поговорка:
Го (ја) фати во мрежа – го (ја) примами, го (ја) потчини, го (ја) вовлече во своите работи.
Оригинални податоци:
мрежа, мн. мрежи ж. 1. Предмет од вкрстени нишки, конец, жица и сл., обично исплетен на еднакви окца. Плете мрежа. а) Направа од цврст конец која служи за ловење (риби, птици, дивеч, пеперутки и др.). Рибарска мрежа. Мрежа против комарци. Ѕверот се фати во мрежата. Мрежите се наполнија со најразлични птици. б) (спорт.) Преграда која ги разделува двете половини од просторот за играње; завеса на голот што ја задржува топката. Топката ја затресе мрежата. в) Замка од нитки на пајажина со чија помош пајакот го лови пленот. Пајакова мрежа. г) Назив за други разни предмети направени на таков начин. Мрежа за спиење. Престана да спие во мрежата. Носеше мрежа со нешто завиткано во неа. Во рацете носи мрежа со леб. Ја пресече телената мрежа и влезе во дворот. Косата ѝ беше собрана во свилена мрежа. 2. (прен.) а) Систем од патишта, железнички линии, канали и др.; систем од испреплетени (нацртани или замислени) линии. Железничка мрежа. Патна мрежа. Водоводна мрежа. Електрична мрежа. Телефонска мрежа. б) Систем од еднородни установи. Трговска мрежа. Училишна мрежа. в) Организација раширена на определена територија и лицата кои ги опфаќа. Создава мрежа на свои соработници. Беше организирана мрежа од комитети. 3. Болест на очите. Очите ми фатија мрежа. ◊ Го (ја) фати во мрежа – го (ја) примами, го (ја) потчини, го (ја) вовлече во своите работи. ‖ мрежичка, мн. мрежички ж. дем. и хип.