мрежи
Значење на мрежи:
1. Покрива, обвива со мрежа.
2. Со плетење или шиење преплетува, вкрстува нишки, конци за да затвори дупка во облека, чорап; крпи. Мрежи чорапи.
3. Замаглува, прави нејасен (за очи). Солзите му го мрежеа погледот.
4. (прен.) Набира, прави нерамно. Тивкото ветре ја мрежеше површината на езерото.
Коњугација: мрежат.
Изведени зборови:
- мрежење, глаг. им. ср.
- се ~ мрежи, 1. (само во 3 л.) Се замаглува, трепери (за очи, поглед). Ми се мрежат очиве. Ми се мрежи погледот. 2. Затемнува. Небото се мрежи.
Оригинални податоци:
мрежи, мрежат несв. 1. Покрива, обвива со мрежа. 2. Со плетење или шиење преплетува, вкрстува нишки, конци за да затвори дупка во облека, чорап; крпи. Мрежи чорапи. 3. Замаглува, прави нејасен (за очи). Солзите му го мрежеа погледот. 4. (прен.) Набира, прави нерамно. Тивкото ветре ја мрежеше површината на езерото. ● се ~ 1. (само во 3 л.) Се замаглува, трепери (за очи, поглед). Ми се мрежат очиве. Ми се мрежи погледот. 2. Затемнува. Небото се мрежи. ‖ глаг. им. мрежење ср.