мрк
Значење на мрк:
1. Со боја меѓу жолта и црна или сива и црна, темножолт или темносив. Над реката стоеја надвиснати голите карпи, напластени со мрк, жолт и црвен варовник.
2. а) Мрачен, темен. Во планина мрка гроб нека ме скрие. Небото се покри со мрк, сив превез. б) (прен.) Лут, намуртен; нерасположен. Мрките ускоци проникнаа во долината. Тој остана мрк и отсутен.
Членувана форма: мркиот.
Изведени зборови:
- мрко, прил. Мрко го погледна.
Оригинални податоци:
мрк, мркиот прид. 1. Со боја меѓу жолта и црна или сива и црна, темножолт или темносив. Над реката стоеја надвиснати голите карпи, напластени со мрк, жолт и црвен варовник. 2. а) Мрачен, темен. Во планина мрка гроб нека ме скрие. Небото се покри со мрк, сив превез. б) (прен.) Лут, намуртен; нерасположен. Мрките ускоци проникнаа во долината. Тој остана мрк и отсутен. ‖ мрко прил. Мрко го погледна.