мрсен
Значење на мрсен:
1. Што содржи маст, што е подготвен со маст. Мрсно јадење. Мрсна манџа.
2. Извалкан, замачкан со маст. Мрсни садови. Мрсна престилка. Масата беше мрсна, искапана.
3. Што се однесува на масти, денови, празници во кои може да се мрси. Овие денови се мрсни.
4. а) Дебел, угоен. Мрсен крмак. б) (прен.) Што е изобилен, богат. Трпезата во нивната куќа е мрсна.
5. а) Што содржи масни состојки. Мрсна боја. Мрсен крем. б) Што содржи многу хранливи материи, плоден (за земја). Мрсна земја. Мрсни грутки земја.
6. (прен., разг.) Непристоен, безобразен, вулгарен. Мрсни приказни. Мрсни песни. Мрсен виц.
Членувана форма: мрсниот.
Оригинални податоци:
мрсен, мрсниот прид. 1. Што содржи маст, што е подготвен со маст. Мрсно јадење. Мрсна манџа. 2. Извалкан, замачкан со маст. Мрсни садови. Мрсна престилка. Масата беше мрсна, искапана. 3. Што се однесува на масти, денови, празници во кои може да се мрси. Овие денови се мрсни. 4. а) Дебел, угоен. Мрсен крмак. б) (прен.) Што е изобилен, богат. Трпезата во нивната куќа е мрсна. 5. а) Што содржи масни состојки. Мрсна боја. Мрсен крем. б) Што содржи многу хранливи материи, плоден (за земја). Мрсна земја. Мрсни грутки земја. 6. (прен., разг.) Непристоен, безобразен, вулгарен. Мрсни приказни. Мрсни песни. Мрсен виц.