мрша

Именка, женски род

Значење на мрша:

1. Тело на умрено животно, умрено животно; мртво тело воопшто. Орли се собраа на мршата. Касапот ги закачи закланите мрши за да го покаже убавото месо.

2. (пејор.) Мртво тело на човек. Колата беше натоварена со човечки мрши. Во дворот на црквата лежат мршите од мртвите селани.

3. Човечко тело. Тогаш се женеше неговата мрша, а сега неговата душа. Кучињата мршата да ти ја јадат. Воденичарот облече волнена фанела на гола мрша.

4. (прен.) Изнемоштен, слаб човек. Каква мрша е, а осум деца родила.

5. (пејор.) Лош човек, никаквец. Да ги избркаме овие мрши одовде, да не ни ја поганат земјата.

6. (прен.) Голотија. Срамота е да одиш така, покри си ја мршата.

Множина: мрши.

Оригинални податоци:

мрша, мн. мрши ж. 1. Тело на умрено животно, умрено животно; мртво тело воопшто. Орли се собраа на мршата. Касапот ги закачи закланите мрши за да го покаже убавото месо. 2. (пејор.) Мртво тело на човек. Колата беше натоварена со човечки мрши. Во дворот на црквата лежат мршите од мртвите селани. 3. Човечко тело. Тогаш се женеше неговата мрша, а сега неговата душа. Кучињата мршата да ти ја јадат. Воденичарот облече волнена фанела на гола мрша. 4. (прен.) Изнемоштен, слаб човек. Каква мрша е, а осум деца родила. 5. (пејор.) Лош човек, никаквец. Да ги избркаме овие мрши одовде, да не ни ја поганат земјата. 6. (прен.) Голотија. Срамота е да одиш така, покри си ја мршата.