мршти се
Значење на мршти се:
1. Прави да биде набрано (лице, чело, веѓи), обично во незадоволство, лутење и сл.; мурти се. Го мршти челото. Неговото лице се мрштеше.
2. (прен.) Се прекрива со облаци, се наоблачува. Почна да се мршти небото. Небото се мрштеше.
Коњугација: се мрштат.
Изведени зборови:
- мрштење, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
мршти се, се мрштат несв. 1. Прави да биде набрано (лице, чело, веѓи), обично во незадоволство, лутење и сл.; сп. мурти се. Го мршти челото. Неговото лице се мрштеше. 2. (прен.) Се прекрива со облаци, се наоблачува. Почна да се мршти небото. Небото се мрштеше. ‖ глаг. им. мрштење ср.