мртов
Значење на мртов:
1. Што не е веќе жив, умрен (за човек), пцовисан (за животно), овенат, сув (за растение). Мртов човек. Мртво тело. Мртва птица. Мртво дрво.
2. (прен.) Што нема живост, замрен, стивнат. Мртов град. Мртви улици. Мртва сезона.
3. За потсилување на значењето. Мртва тишина. Мртов гладен.Мртов уморен. Мртов пијан.
4. Што не служи за намената, што не работи. Мртов кабел. Мртва врска.
5. За ден на мртвите, во состави: Мртов петок. Мртва сабота. мртви дни.
Членувана форма: мртвиот.
Фразеолошки израз / поговорка:
Мртва буква на хартија – пропис што не се почитува. Мртов јазик – јазик што не се зборува, а е познат од писмени паметници. Мртов капитал – капитал, вредност што не донесува доход. Мртва коска – тврд израсток на телото. Мртва природа – уметничка слика овошје, цвеќиња, мртов дивеч, садови и сл. Мртва стража – група или поединец на најпредниот дел од фронтот кон непријателот. Ни жив ни мртов – многу изморен, исцрпен, премален, болен. Само преку мене мртов – никогаш нема да дозволам нешто. Се крена од мртвите – се накрена, заздраве. Мртва вошка – поткожен израсток, подвижен со големина на зрнце.
Оригинални податоци:
мртов, мртвиот прид. 1. Што не е веќе жив, умрен (за човек), пцовисан (за животно), овенат, сув (за растение). Мртов човек. Мртво тело. Мртва птица. Мртво дрво. 2. (прен.) Што нема живост, замрен, стивнат. Мртов град. Мртви улици. Мртва сезона. 3. За потсилување на значењето. Мртва тишина. Мртов гладен.Мртов уморен. Мртов пијан. 4. Што не служи за намената, што не работи. Мртов кабел. Мртва врска. 5. За ден на мртвите, во состави: Мртов петок. Мртва сабота. мртви дни. ◊ Мртва буква на хартија – пропис што не се почитува. Мртов јазик – јазик што не се зборува, а е познат од писмени паметници. Мртов капитал – капитал, вредност што не донесува доход. Мртва коска – тврд израсток на телото. Мртва природа – уметничка слика овошје, цвеќиња, мртов дивеч, садови и сл. Мртва стража – група или поединец на најпредниот дел од фронтот кон непријателот. Ни жив ни мртов – многу изморен, исцрпен, премален, болен. Само преку мене мртов – никогаш нема да дозволам нешто. Се крена од мртвите – се накрена, заздраве. Мртва вошка – поткожен израсток, подвижен со големина на зрнце.