муниција

Именка, женски род

Само во еднина.

Значење на муниција:

Куршуми (поретко и други експлозивни убојни средства: мини, бомби и сл.) Боева муниција. Маневарска муниција. Фабрика за муниција. Немавме муниција за пушките. Штеди муниција.

Изведени зборови:

  • мунициски, прид. муницискиот Мунициски магацин. Мунициска кола.

Оригинални податоци:

муниција (само едн.) ж. Куршуми (поретко и други експлозивни убојни средства: мини, бомби и сл.) Боева муниција. Маневарска муниција. Фабрика за муниција. Немавме муниција за пушките. Штеди муниција. ‖ мунициски, муницискиот прид. Мунициски магацин. Мунициска кола.