мурти се
Значење на мурти се:
1. Се покрива со брчки, се набира; со брчкање (на лицето, челото) покажува незадоволство, загриженост, болка. Тој човек не знае да се мурти. Се муртеше од замор и жед.
2. (прен.) Се покрива со облаци, се облачи (за небото). Небото почна да се мурти.
Коњугација: се муртат.
Изведени зборови:
- муртење, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
мурти се, се муртат несв. 1. Се покрива со брчки, се набира; со брчкање (на лицето, челото) покажува незадоволство, загриженост, болка. Тој човек не знае да се мурти. Се муртеше од замор и жед. 2. (прен.) Се покрива со облаци, се облачи (за небото). Небото почна да се мурти. ‖ глаг. им. муртење ср.