мушама

Именка, женски род

Значење на мушама:

1. Восочно или гумирано платно (непропустливо). Ја завитка тетратката во мушама. Парите ги чуваше во парче мушама.

2. Прекривка за маса од вакво платно. Кујнската маса е покриена со мушама.

3. Непропустлива наметка од вакво платно. Беше мокар зашто неговата мушама е стара и искината. Дождот е силен и алиштата ги мокри под мушамите. Земи ја мушамата моја и претрчај.

Множина: мушами.

Оригинални податоци:

мушама, мн. мушами ж. 1. Восочно или гумирано платно (непропустливо). Ја завитка тетратката во мушама. Парите ги чуваше во парче мушама. 2. Прекривка за маса од вакво платно. Кујнската маса е покриена со мушама. 3. Непропустлива наметка од вакво платно. Беше мокар зашто неговата мушама е стара и искината. Дождот е силен и алиштата ги мокри под мушамите. Земи ја мушамата моја и претрчај.