мушичка
Значење на мушичка:
1. (зоол.) Вид ситни инсекти со две крила, двокрилци; Bibionidae. Ситни мушички. Водата беше полна со раски и удавени мушички. Ми влезе мушичка во окото.
2. Вид мамец во форма на мушичка за ловење риби.
Множина: мушички.
Изведени зборови:
- мушиче, и. ср. дем.
Фразеолошки израз / поговорка:
Има мушички (во главата) – има необични, настрани мисли, идеи; своеглав е. Треба тие мушички да им ги избијам од глава!
Оригинални податоци:
мушичка, мн. мушички ж. 1. (зоол.) Вид ситни инсекти со две крила, двокрилци; Bibionidae. Ситни мушички. Водата беше полна со раски и удавени мушички. Ми влезе мушичка во окото. 2. Вид мамец во форма на мушичка за ловење риби. ◊ Има мушички (во главата) – има необични, настрани мисли, идеи; своеглав е. Треба тие мушички да им ги избијам од глава! ‖ мушиче, мн. мушичиња ср. дем.