мушка

Глагол, несвршен

Значење на мушка:

1. Боде, бутка; вовира. Војникот со пушката ја мушкаше в слабина. Ја мушкаше главата во топлата пазува на мајка си.

2. Задржува некого, прави некој да денгуби. Не ме мушкај, имам многу работа.

Коњугација: мушкаат.

Изведени зборови:

  • мушкање, глаг. им. ср.
  • се ~ мушка, Се вртка, се провира. Се мушкаа низ дворот. Се мушка меѓу трски и грмушки.

Оригинални податоци:

мушка, мушкаат несв. 1. Боде, бутка; вовира. Војникот со пушката ја мушкаше в слабина. Ја мушкаше главата во топлата пазува на мајка си. 2. Задржува некого, прави некој да денгуби. Не ме мушкај, имам многу работа. ● се ~ Се вртка, се провира. Се мушкаа низ дворот. Се мушка меѓу трски и грмушки. ‖ глаг. им. мушкање ср.