мушне
Значење на мушне:
Турне, удри. Го мушна со кундакот.Коњугација: (ќе) мушнеа , (ќе) мушнев , (ќе) мушнел, мушнаа , мушнав , мушнал , мушнат , мушнат , мушнете , мушни .
Изведени зборови:
- мушнување, глаг. им. ср.
- се ~ мушне, Влезе или излезе крадешкум, незабележано; се провре. Сака да се мушне. Се мушна во собата. Се мушнале во грмушката. Се мушнав низ вагоните и избегав.
- (се) мушнува, глаг. несв. (се) мушнуваат
Оригинални податоци:
мушне, мушнат; мушни, мушнете; мушнав, мушнаа; мушнал; мушнат; (ќе) мушнев, (ќе) мушнеа; (ќе) мушнел св. Турне, удри. Го мушна со кундакот. ● се ~ Влезе или излезе крадешкум, незабележано; се провре. Сака да се мушне. Се мушна во собата. Се мушнале во грмушката. Се мушнав низ вагоните и избегав. ‖ (се) мушнува, (се) мушнуваат несв. ‖ глаг. им. мушнување ср.