мустаќ
Значење на мустаќ:
1. Долги влакна израснати над горната усна кај мажите. Едниот мустаќ му беше подолг. Црни мустаќи. Ги избричи мустаќите.
2. Долги проникнати влакна на усните на животни.
3. Пипала околу устата на риба, рак и др.
4. (прен.) Прекар за човек со мустаќи. Перо Мустаќ.
Множина: мустаќи.
Фразеолошки израз / поговорка:
Се смее под мустаќ – незабележливо,скришум се смее;се ~ потсмева.
Оригинални податоци:
мустаќ, обично во мн. мустаќи м. 1. Долги влакна израснати над горната усна кај мажите. Едниот мустаќ му беше подолг. Црни мустаќи. Ги избричи мустаќите. 2. Долги проникнати влакна на усните на животни. 3. Пипала околу устата на риба, рак и др. 4. (прен.) Прекар за човек со мустаќи. Перо Мустаќ. ◊ Се смее под мустаќ – незабележливо,скришум се смее;се ~ потсмева.