мува
Значење на мува:
1. Инсект од родот двокрилци, со многу подвидови. Муви го лазат месото, ќе го наплукаат. Го облетуваа роеви муви.
2. (спорт.) Дисциплина (категорија) во боксот и во борењето. Мува категорија.
3. (дијал.) Пчела, назив за одделен инсект.
Множина: муви.
Изведени зборови:
- мувичка, и. ж. дем.
Фразеолошки израз / поговорка:
Домашна мува – Musca domestica. Коњска мува – мува што го напаѓа крупниот добиток, коњите, магарињата и сл.; Hypohosca equina. Му брчат муви во главата – (има) му се мешаат чудни, налудничави мисли, идеи. Си ја има мувата на капата – има грижа на совеста, има нечиста совест. Како мува без глава (трча, оди, работи) – несвесно, во големо брзање, панично. Од мува прави слон – претерува, преувеличува нешто. Мува да прелета ќе се чуе – многу е тивко. Мува не го лази – од ништо нема гајле, отпорен е на сите критики.
Оригинални податоци:
мува, мн. муви ж. 1. Инсект од родот двокрилци, со многу подвидови. Муви го лазат месото, ќе го наплукаат. Го облетуваа роеви муви. 2. (спорт.) Дисциплина (категорија) во боксот и во борењето. Мува категорија. 3. (дијал.) Пчела, назив за одделен инсект. ◊ Домашна мува – Musca domestica. Коњска мува – мува што го напаѓа крупниот добиток, коњите, магарињата и сл.; Hypohosca equina. Му брчат муви во главата – (има) му се мешаат чудни, налудничави мисли, идеи. Си ја има мувата на капата – има грижа на совеста, има нечиста совест. Како мува без глава (трча, оди, работи) – несвесно, во големо брзање, панично. Од мува прави слон – претерува, преувеличува нешто. Мува да прелета ќе се чуе – многу е тивко. Мува не го лази – од ништо нема гајле, отпорен е на сите критики. ‖ мувичка, мн. мувички ж. дем.