музика

Именка, женски род

Само во еднина.

Значење на музика:

1. а) Уметност изразена преку тонови, тонска уметност. Вокална музика. Инструментална музика. Тивка музика. Духовна музика. Народна музика. Класична музика. б) Тонска уметност и нејзината теорија како училиштен предмет. Го запишаа на музика. Студира музика.

2. Музички оркестар. Воена музика. Штом си замина музиката, почнаа да си одат и гостите.

3. музики. Усна армоника. На Колета му донеле музика. Вечер ќе свири на музиката.

Оригинални податоци:

музика (само едн.) ж. 1. а) Уметност изразена преку тонови, тонска уметност. Вокална музика. Инструментална музика. Тивка музика. Духовна музика. Народна музика. Класична музика. б) Тонска уметност и нејзината теорија како училиштен предмет. Го запишаа на музика. Студира музика. 2. Музички оркестар. Воена музика. Штом си замина музиката, почнаа да си одат и гостите. 3. мн. музики. Усна армоника. На Колета му донеле музика. Вечер ќе свири на музиката.