набави
Значење на набави:
1. Снабди што е потребно. Набавив доволно храна. Набавил резервни делови за колата.
2. Снабди некого, испорача некому нешто. Претпријатието ни го набави градежниот материјал.
Коњугација: набават.
Изведени зборови:
- набавува, глаг. несв. набавуваат
- набавување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
набави, набават св. 1. Снабди што е потребно. Набавив доволно храна. Набавил резервни делови за колата. 2. Снабди некого, испорача некому нешто. Претпријатието ни го набави градежниот материјал. ‖ набавува, набавуваат несв. ‖ глаг. им. набавување ср.