набере
Значење на набере:
1. Скине, собере извесно количество овошје, плодови, цвеќиња и др., бере. Набрав јаболка. Набраа по еден товар дрва.
2. Направи набори, фалти; набрчка, добие брчки. Го набра здолништето. Кошула со набрани ракави. Го набра челото. Ги набра веѓите.
3. (арх.) Во печатница – сложи букви. Брзо ја набраа книгата.
Коњугација: (ќе) набереа , (ќе) наберев , (ќе) наберел, наберат , наберете , набери , набраа , набрав , набрал , набран .
Изведени зборови:
- наберува, глаг. повт. наберуваат од 1.
- набирање, глаг. им. ср.
- се ~ набере, 1. Се собере, се збрчка. Челото му се набра. Над очите му се набрале бели веѓи. 2. Се насобере. Се набрал многу народ да гледа сеир.
- (се) набира, глаг. несв. (се) набираат од 2 и 3.
Оригинални податоци:
набере, наберат; набери, наберете; набрав, набраа; набрал; набран; (ќе) наберев, (ќе) набереа; (ќе) наберел св. 1. Скине, собере извесно количество овошје, плодови, цвеќиња и др., в. бере. Набрав јаболка. Набраа по еден товар дрва. 2. Направи набори, фалти; набрчка, добие брчки. Го набра здолништето. Кошула со набрани ракави. Го набра челото. Ги набра веѓите. 3. (арх.) Во печатница – сложи букви. Брзо ја набраа книгата. ● се ~ 1. Се собере, се збрчка. Челото му се набра. Над очите му се набрале бели веѓи. 2. Се насобере. Се набрал многу народ да гледа сеир. ‖ наберува, наберуваат повт. од 1. ‖ (се) набира, (се) набираат несв. од 2 и 3. ‖ глаг. им. набирање ср.